Кувајт се затвора во целосен карантин заради ширењето на коронавирусот

-Одлуката доаѓа по препорака на здравствените власти, изјуави владиниот портпарол Тарик ал-Мазрем.

Кувајтската Влада денеска донесе одлука да воведе тотален карантин, што ќе почне од овој викенд, во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, откако бројот на случаи во оваа заливска земја нагло се зголеми, јави ДПА

„Целосниот полициски час” на национално ниво ќе стапи на сила од недела во 16 часот по локално време  и ќе трае до 30 мај, соопшти  официјалната новинска агенција на Кувајт.

Владата ја донесе оваа одлука како дел од мерките чија цел е да го изолира вирусот, додаде агенцијата без да даде детали.

-Одлуката доаѓа по препорака на здравствените власти, изјуави владиниот портпарол Тарик ал-Мазрем.

Претходно во петокот, додава ДПА, кувајтското Министерство за здравство соопшти за нови 641 случаи на заразени со коронавирус, зголемувајќи го со тоа вкупниот број на инфицирани во земјата на 7.208, од кои 47 имаа смртни последици.

Со карантинот на луѓето ќе им се забрани да излегуваат на отворено, освен за храна и лекови, објави кувајтскиот весник „ал-Кабас”, повикувајќи се на неименуван владин службеник. Со одлуката се забранува и движење низ регионите од земјата.

Кувајтските власти претходно презедоа серија мерки против појавата на вирусот, што вклучуваа ноќен полициски час, затворање на сите образовни институции до август и прекинување на работата во владините институции,потсети германската агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот