Кутија цигари дневно го старее мозокот за 11 дена

Возраста на мозокот е мерка за здравјето на мозокот, а на тоа негативно влијае алкохолот, покажало едно од најголемите истражувања.

Со текот на времето, секојдневното пиење малку поголема доза алкохол од препорачаната, може да го забрза процесот на стареење на мозокот, открила новата студија. Иако и претходните истражувања дале слични резултати, сите биле спроведени на помали групи луѓе или на глувци. Новата студија на истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија нуди сеопфатна процена бидејќи во скенирање на мозокот учествувале 17.308 испитаници.

Тимот истражувачи открил дека за секој грам алкохол што се консумира дневно една година, мозокот старее за седум и пол дена. Просечна конзерва пиво или чаша вино содржи 14 грама алкохол. Луѓето што пријавиле дека пијат секој ден една година, имале просечно 0,4 години постари мозоци од луѓето што не пиеле секојдневно.

Пушењето имаше уште посилен ефект. Тимот открил дека на оние што пушат една кутија цигари дневно за една година, мозокот им старее за 11 дена.

Научниците откриле дека колку повеќе пиете и пушите, толку е поголема веројатноста да имате мозок постар од вашата вистинска возраст.

Што е со срцето?

Дневната потрошувачка на алкохол може да биде штетна за мозокот. Од друга страна, многу луѓе што исто така наполниле 100 години и се чини дека се отпорни на деменција, признаваат дека консумираат алкохол одвреме-навреме. Покрај тоа, неодамнешната студија на Харвард открила дека умерено консумирање алкохол исто така може да има корисни ефекти за срцето.

Ако пиете алкохол, многу е важно да пиете одговорно, а не прекумерно. Исто така е важно да се фокусирате на јадењето здрава храна, одржувањето здрава тежина и вежбањето, како и да не пушите. Ако воопшто не пиете, не мора ни да почнете, велат истражувачите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот