Курти: Ќе поднесам тужба против Србија за воени злосторства, геноцид и агресија

Албин Курти во воведното излегување каде ја претстави програмата на новата влада изнесе неколку приоритети. Мандатарот за состав на владата рече дека со Србија ќе применат целосен трговски реципроцитет.

„Потполно сум спремен да водам дијалог со Белград, ќе направам тим кој ќе се посвети на тоа“, нагласи Курти.

Тој предложи лустрација во сите сектори која треба да се спроведе во рок од 24 месеци и најави дека воената служба ќе биде задолжителна и ќе трае три месеци.

„Ќе бидеме влада која ќе ги казнува воените злосторства и агресија, а ќе спремиме закон кој ќе биде за сторени воени злосторства и агресија“, рекол Курти.

Курти како што вели, на основа на меѓународни закони и права „ќе спреми тужба против Србија за воени злосторства, геноцид и агресија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот