Кучето на Бајден 24 пати каснало агенти на американската тајна служба

Кучето на Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Нови документи покажуваат дека кучето на американскиот претседател Бајден, Командер, 24 пати каснало агенти на американската тајна служба. Досиејата покажуваат дека германскиот овчар им направил многу проблеми на телохранителите на претседателот, јавува Би-Би-Си.

Документите опишуваат најмалку 24 инциденти помеѓу октомври 2022 и јули 2023 година во кои кучето Командер каснало телохранител за рака, подлактица, лакт, нога или рамо. Миленичето на Бајден ја напушти Белата куќа минатиот октомври, една недела откако еден од агентите на Тајната служба морал да биде лекуван од тешко каснување.

Пред тоа, во јуни, кучето каснало телохранител за подлактицата, па морал да оди да се шие. Во јуни, Командер касна друг агент, овој пат за раката. Му требале шест конци. Неговите колеги му подарија пакетче со лекови против болки, антибиотска маст, солзавец, муцка и кучешки колачиња, „за безбедносни мерки“.

Еден агент изјави дека агентите кои го чуваат домот на претседателот и неговото семејство мора да бидат креативни за да ја одржат сопствената безбедност. „Поради каснувањето, моравме да ја прилагодиме нашата тактика кога Командер е наоколу. Нему треба да му се даде многу простор“, напишал анонимниот агент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот