Крмов: Власта го шверцува законот за државјанство и не става пред свршен чин

фото Архива
 Шверцување на законот за државјанство со европско знаменце е кривично дело за сите потписници,  почнувајќи од Министерството за надворешни работи, на министерот Оливер Спасовски, потписот на премиерот Заев како предлагач од Владата, претседателот Џафери, па дури и претседателот Пендаровски, изјави пратеникот Борислав Крмов на прес конференција.
-Како е можно еден Закон, до вчера да не носи Европско знамеце, сега одеднаш да стане со Европско знаменце, сега одеднаш да мора да се усогласуваат со некои си европски регулативи, значи такво нешто е невозможно. Тоа е потсмевање со целата јавност практично, посебно и со стручната јавност. Значи најголемиот проблем е тоа што Законот ја крши Европската конвенција за државјанства, којашто ние како држава ја имаме ратификувано. И ние имавме не знам колку гостувања, не знам колку пати зборувавме, покажавме и докажавме зошто ваков системски Закон не се носи во ниедна држава позади затворени врати, мора со јавна расправа, посебно во ваква држава каде што се етничките заедници толку поларизирани, вели тој. 
Според него ваков начин шверцување на овај закон претставува кривично дело, и тоа кривично дело за сите потписници во целата фаза на законот како што ќе оди во процедура.
-Значи почнувајќи од Министерството за надворешни работи, таму ќе биде потписот на министерот Оливер Спасовски, понатаму потписот на премиерот Заев како предлагач од Владата, претседателот Џафери, кој што треба да го пушти во процедура на крај дури и претседателот Пендаровски, кој што треба да го потпише. Сите тие подлежат на кривична одговорност и треба да внимаваат што прават. Ние деновиве сме во изработка на Специјален закон, т.е. на дополнување на Кривичниот законик, кадешто оваа веќе толку зачестена злоупотреба на Европското знаменце ќе ја направиме и кривично дело, кое што ќе биде казниво до 5 години, тоа вчера го објави и претседателот Апасиев, додава пратеникот на Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот