Кривокапиќ: Изјавата на Ѓукановиќ покажува кој ги создава тензиите во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ, премиер на Црна Гора. / Фото: EPA-EFE/VAIOS CHASIALIS

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ денес оцени дека изјавата на претседателот Мило Ѓукановиќ за устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски на СПЦ, Јоаникиј, сосема го разоткри инспираторот на тензиите во Црна Гора, објави агенцијата Бета.

Реагирајќи на денешниот апел од Ѓукановиќ устоличувањето на Јоаникиј да не биде во манастирот во Цетиње туку во некој друг храм, Кривокапиќ рече дека Митрополијата црногорско-приморска има право да го изврши свечениот чин во вековното седиште на Митрополијата во Цетиње, пишуваат подготички Вијести.

-Каде ќе биде тој ден претседателот Ѓукановиќ е најмалку важно, но важно е да престане да предизвикува и подгрева судири, поделби и тензии, рече Кривокапиќ.

Тој додаде дека државата ќе ги обезбеди сите потребни услови за СПЦ како најдоминантна верска заедница во Црна Гора да го оствари своето со Устав загарантирано право.

Ѓукановиќ: Да не се инсистира на устоличување на митрополитот Јоаникиј во Цетиње

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот