Кривични пријави за гостиварец, крадел кај ќе стигнел

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти 20 кражби извршени во Гостивар и до Основното јавно обвинителство во тој град поднесе три кривични пријави против 35-годишниот гостиварец Џ.К. поради основи на сомнение дека сторил 16 тешки кражби и четири кражби.

Од МВР соопштија дека Џ.К. се сомничи дека во периодот од февруари до октомври годинава со употреба на сила влегувал во куќи и моторни возила во Гостивар, од кои одземал разни предмети: телевизори, работни машини, разновиден алат…

Најголемиот број од одземените предмети се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици, посочуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот