Кривична за тројца полицајци кои дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Полициски службеник / Фото: Архива

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против тројца полицајци до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција за кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што информираат од МВР, кривичната пријава е поднесена против тројцата полициски службеници затоа што дозволиле да настане застареност на дисциплинска постапка која се водела против вработен во МВР кој бил осомничен за злосторничко здружување и присвојување добра под привремена заштита и културно наследство.

Полициските службеници во својство на членови на дисциплинска комисија несовесно постапиле во вршењето на своите должности и овластувања што пропуштиле во законски рок да ја спроведат дисциплинска постапка против вработен во СВР Струмица за кој била поднесена кривична пријава „Злосторничко здружување“ и „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство“ и му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Пријавените наместо навремено да постапат по иницијативата за утврдување на дисциплинска одговорност, расправата ја одржале дури по повеќе од една година по добиеното известување од страна на јавниот обвинител, со што дозволиле да настане апсолутна застареност за водење дисциплинска постапка, притоа постапувајќи спротивно на законите и подзаконските акти, наведуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот