Кривична пријава за Курто Дудуш, за директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

курто дудуш
Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари/Фото: Слободен печат

СВР Скопје поднесе кривична пријава за Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари. Тој се товари дека за директори во детска градинка во општината именувал лица кои не биле вработени во таа установа.

– СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои е не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот