Кривична пријава за фалсификување пари

Фото: Архива на СП

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(45) од тетовска Шипковица и Б.Е.(48) од тетовска Долна Лешница поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “фалсификување пари” (член 268, став 2 од Кривичниот законик).

Пријавениот И.А се сомничи дека во септември минатата година од Б.Е. купил патничко моторно возило „бмв” и му платил со фалсификувани 4500 евра, а Б.Е иако знаел дека се фалсификувани банкнотите, не ги пријавил и во неколку наврати се обидел да ги пушти во промет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот