Кремљ се пофали со „значителниот напредок во демилитаризацијата на Украина“

Песков: TASS / ddp USA / Profimedia

Кремљ денеска објави дека Русија „постигна значителен напредок кон демилитаризација на Украина“, што беше една од првичните цели на руската инвазија, која започна пред 10 месеци.

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, денеска беше прашан од новинарите за изјавата на Путин според која „украинскиот воено-индустриски комплекс, ако веќе не е сведен на нула, оди во таа насока“.

„Може да се каже дека постигнавме значителен напредок кон демилитаризација на Украина“, рече Песков.

Путин вчера изјави и дека „сите вооружени конфликти завршуваат со преговори“, што имплицираше дека порано или подоцна Украина ќе биде принудена да и предаде дел од својата територија на Русија за конечно да заврши војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот