Кремљ го проучува Мировниот договор на Трамп

дмитри песков
Дмитри Песков, портпарол на Кремљ / Фото: Слободен печат, архива

Доколку биде неопходно Русија е подготвена да ги вложи сите напори за да се направи можно постигнувањето оддржлив мир на Блискиот Исток, наведе портпаролот на Кремљ. 

Кремљ и натаму го проучува  вчера претставениот план на американскиот претседател Доналд Трамп за мирно надминување на палестинско-израелскиот конфликт, изјави Дмитриј Песков, прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Тасс.

-Ние продолжуваме да ги проучуваме овие информации и го прегледуваме планот, што е подготвен од администрацијата на Белата куќа. Утре ќе има средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и тогаш ќе се добијат повеќе информации, како што се вели, од прва рака, изјави Песков.

Прес секретарот забележа дека „досега може само да се каже дека планот доби целосна поддршка од Израел, а е подржан и од неколку други држави, но е пресретнат од категорично отфрлање од другата страна на договорот – Палестинците”.

-Продолжуваме да ја анализираме ситуацијата. Знаете дека Русија продолжува да биде одговорен член на „Петорката” на Блискиот Исток. Доколку биде неопходно Русија е подготвена да ги вложи сите напори за да се направи можно постигнувањето оддржлив мир на Блискиот Исток, наведе портпаролот на Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот