„Кралот“ Џејмс го повтори забивањето на Коби Брајант од пред 19 години! (ВИДЕО)

twitter.com/NYDNSports

Најдобриот играч на Лејкерси, Џејмс го преслика фантастичното забивање на екс најдобриот кошаркар на оваа екипа, Брајант.

Во четвртокот Лос Анџелес Лејкерс загуби од Хјустон Рокетс на домашен терен со 121:111, но едно забивање на Леброн Џејмс го одбележа овој НБА натпревар.

„Езерџиите“ и покрај тој пораз останаа лидери во Западната конференција, овој меч против „ракетите“ го одбележа „кралот“ Леброн Џејмс со посвета на Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џиана и уште седум лица.

Најдобриот играч на Лејкерси, Џејмс го преслика фантастичното забивање на екс најдобриот кошаркар на оваа екипа, Брајант.

Џејмс ја повтори акцијата која Коби ја одигра пред 19 години, ист кош, исто забивање, ист „Стејплс“ центар и ист клуб.

Потегот на „кралот“ ги одушеви навивачите на Лејкерси, но и целокупната светска кошаркарска и спортска јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот