Крај на сапуницата: Ванда му прости на Мауро Икарди

Ванда Нара и Мауро Икарди/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Ванда Нара одлучи да му прости на сопругот Мауро Икарди за наводното неверство. Таа го обвини својот сопруг за недолично однесување, а со објавата на социјалните мрежи исто така навести дека бракот нема да се распадне.

Јас се грижам за своето семејство, а животот ќе се погрижи за кучките. На ист начин“, стоеше во пораката која Ванда Нара ја напиша под фотографијата на која таа е заедно со својот сопруг.

Дел од пораката беше упатена и за аргентинската актерка Еухениа Суарез со која наводно Мауро Икарди ја изневерувал Ванда Нара.
Веднаш по пораката на Ванда, се огласи и актерката која порача дека не сака да биде жртвено јагне.

– Го пишувам ова писмо за да ставам крај на лагите, малтретирањето во конструкцијата на приказната во која се манипулира за уште еднаш да бидам жртвено јагне за медиумиското насилство. Долго молчев поради неколку причини, а главните се стравот и неискуството. Не знаев како да го наречам нивото на лаги кои се изговараат во ТВ прилозите. Тоа што денеска се случува има поголема и подлабока приказна во која многу жени ќе се пронајдат. Морав да се „пресметувам“ со мажи во чии зборови секогаш верував: дека се разведени или во процес на развод. Во последната ситуација во која се најдов чувствувам дека е „дежа ву“, каде уште еднаш плаќам со својата репутација“, пишува Еухениа Суарез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот