Ковачевски: Време е за мудри одлуки, ни треба државничко однесување и ладни глави

Изјава на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски/Фото: Скриншот

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски по средбата со Мицкоски уште еднаш нагласи дека францускиот предлог е  европски предлог за деблокада на евроинтеграциите и ги повтори позициите на владата и владејачката партија.

-Македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка. Ова е мултилатерален документ кон на РСМ и е испратен официјално од француското претседателство кој сега го презема и чешкото претседателство во кој се вклучени сите наши барања и забелешки што беа изложени на претходната верзија на предложениот текст. Откако ќе завршиме со консултативниот процес тогаш сите овие мислења ќе бидат доставени до владата и Владата ќе донесе одлука која ќе биде испратена до собранието, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека предлогот е претставува бугаризација на државата, како што тоа го претставува опозицијата.

-Македонскиот народ никој до сега не успеал да го асимилира. Горди сме на својата историја, јазик и идентитетит со сите свои аспекти, така било, така е, и така ќе биде. За оваа одлука треба државничко однесување и ладна глава за мир и стабилност во државата за да ја донесеме вистинската одлука, нагласи Ковачевски.

-Во однос на уставните измени првин сите партии имаа изјави во претходниот период. Нашиот устав предвидува дека граѓаните кои се самоопределуваат на друг начин од Македонците може да бидат дел од уставот. Тоа го побараа Црногорците, Хрватите, Египѓаните. Ние претставуваме пример во Европа за најдобра уреденост на сите граѓани по сите односи и тоа е членот кој сите граѓани треба да го поддржат, рече Ковачевски.

ВО ЖИВО: Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот