Ковачевски: Остварен највисок поврат на ДДВ кон стопанството за минатата година

Премиерот Ковачевски и директорката на УЈП Лукаревска во посета на компанијата „Виталија“/ Фото: Влада

Минатата година остваривме највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста до денес кој изнесува над 727 милиони евра, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Владата креира позитивни политики и затоа успеавме да постигнеме ефикасност на плаќање данок кон државата. Како влада се залагаме за поедноставни процедури, се со цел да изградиме силен и нераскинлв однос со нашите партнери, команиите, изјави премиерот Ковачевски при денешната поста на компанијата „Виталија“, за која вели дека како голем даночен обврзник придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи.

Потенцира дека од голема важност е и зголемувањето на повратот на ДДВ за граѓаните, од 1800 на 2100 денари по тромесечие.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска која исто така беше во посета на компанијата, вели дека ваквите дисциплинирани даночни обврзнци се партнери на Владата во заедничко креирање политики.

Така заедно придонесуваме кон подобра деловна клима, заедно се бориме против сивата економија и заедно создаваме имиџ за меѓусебна доверба и поврзаност. Верувам дека за менаџерите во претходните, специфични години, беше предизвик да ги задржат работните места, но и да обезбедат пласман на производите и затоа од исклучителна важност е заедно, домаќински да придонесеме за побрзо надминување на предизвиците, истакна Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот