Секакви „чуда“ откриваат цариниците, меѓу нив и обид за шверц на питони и боа

Змија/ Фото Архива на Слободен печат

Царинските службеници на граничниот премин Хоргош на 27 април годинава во соработка со полицијата спречија обид за криумчарење на три заштитени видови змии и една заштитена желка, соопшти Царинската управа, објаснувајќи дека влекачите биле скриени под автобуските седишта.

„Случајот е откриен кога на контролниот пункт на влезот во Србија пристигнал автобус кој сообраќал на релација Германија-Грција. И покрај тоа што и патниците и возачите рекле дека носат само личен багаж, царинските службеници при контролата најпрвин пронашле кутија од стиропор под задниот ред на седиштата, во која имало три платнени кеси во кои имало влекачи“, се наведува во соопштението.

Потоа над седиштето е пронајден терариум со една жива желка, како што е објаснето – во кабината за рачен багаж. Царинската управа „Службата за спроведување на Конвенцијата ЦИТЕС на Министерството за заштита на животната средина потврди дека се работи за животни кои се на списокот на заштитени видови. Станува збор за две единки од зелениот абореален питон, еден примерок од смарагд абореална боа и еден примерок од руската желка, објаснуваат од Царинската управа. Шверцуваните животни, се додава, веднаш се предадени на Гранична ветеринарна инспекција за згрижување во ЗОО Палиќ, пренесува Н1.

„Еден од возачите, кој изјавил дека ги зел змиите како пратка, како и еден од патниците кои тврделе дека е сопственик на желката, треба да бидат предадени во понатамошна надлежност на полицијата и обвинителството“, соопштија од Царината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот