Ковачевски: Да бевме во Северна Кореја, немаше ни да поставите прашање

Ковачевски / Принтскрин

Запрашан „кој му го прави ПР за замрзнување на производите“, во контекст на сликањето по маркетите и проверките, како и дека „изминатиот период така се сликал и првиот човек на Северна Кореја, а колку што се знае, Ковачевски е премиер на Северна Македонија“, премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференцијата му одговори на новинарот на „ТВ Алфа“ дека прашањето не му е на место.

„Констатацијата не ви е на место и нема да ви одговорам, а ако бевте во Северна Кореја, тогаш немаше ни да ви биде дозволено да поставите прашање“ – рече Ковачевски.

Во однос на првиот дел од прашањето – кој производ е следен за замрзнување, премиерот истакна дека тие процеси следуваат по анализите на Министерството за економија, кое потоа доставува предлог до Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот