Ковачевски: Бугарските клубови ќе продолжат да работат ако ги променат имињата

Ако се усогласат со законот и ги променат иињата бугарските клубови „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ ќе продолжат да работат, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Тие што нема да поднесат барање до Централниот регистар нема да продолжат да работат, согласно законите. Културните клубови треба да бидат места што ги зближуваат народите и граѓаните, а не да бидат места каде што со своите имиња будат негативните чувства и ги разединуваат граѓаните. Законот ќе биде спроведен во целост како што се спроведуваат сите други закони порача денеска Ковачевски.

Охридското здружение „Цар Борис’“ на 10 февруари поднело барање за да се усогласи со Законот за здруженијата и фондациите, а битолското „Иван Михајлов“ не. Претседателот на ова здружение најави дека ќе се тужи.
Закониот забранува здруженијата да имаат називи на личности и настани поврзани со фашизам, нацизам, третиот рајх итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот