Косовска пејачка со еротски настап на кој имаше и деца, јавноста со бурна реакција (ФОТО+ВИДЕО)

Газета Експрес

Косовската пејачка Фјола Морина се појави со премногу провокативна облека на настап на концерт, кој се одржа на Косово. Косовските медиуми јавуваат дека на концертот беа присутни стотици граѓани, а во првите редови биле забележани и мали деца.

Газета Експрес наведува дека пејачката носела многу провокативна облека, а еротското танцување го изведувала  пред големиот број деца присутни на концертот.

По овој настап на пејачката јавноста остро реагираше, реакции пристигнаа и од пратеници во косовското Собрание, но и од нејзините колеги. Моделот, кој со години се обидува да успее на музичката сцена била поканета од Општина Скендерај за учество на концертот.

Видеото од настапот, во кој полугола играше пред публика главно сочинета од деца, пејачката самата го објавила на Инстаграм.

Морина околу нејзината изведба за Експрес изјави дека не се вознемирува ни најмалку, оценувајќи го настапот како уметнички. Таа вели дека јавноста треба да има помодерни сфаќања. Фјола нејзината облека ја спореди со таа на Рита Ора. Сепак, изјави дека за облеката на Рита никој не реагираше.

Газета Експрес
Газета Експрес
Газета Експрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот