Косовец ја претепал сопругата до СМРТ: Сам дошол во полиција и изјавил нешто НЕРЕАЛНО

Фото: Принтскрин

Маж (32) од Косово е уапсен во Виена заради сомневање дека до смрт ја претепал својата сопруга (32). Лисиците на рацете му биле ставени откако тој самиот влегол во полициската станица и се пријавил.

Службениците во полициската станица во Виена останале шокирани кога мажот влегол, раскажал дека ја претепал својата сопруга и дека веројатно ја убил. Полицијата веднаш отишла во станот во кој живеел брачниот пар и го затекнале безживотното тело на жената.

Австриските медиуми пренесуваат дека воочиле страшни повреди на главата, посебно на тилот, а дека докторите на итната помош можеле само да констатираат смрт.

Причината за ваквото брутално убиство засега не е целосно јасна, но мажот раскажал дека бил многу љубоморен. Во станот бил пронајден и дрвен стап, за кој се претпоставува дека бил користен како оружје.

Тамошните портали исто така пишуваат дека фамилијата потекнува од Косово, имала и три деца, но за среќа ниту едно од нив не било во станот кога било извршено злосторството. Неофицијални информации велат дека во полициската евиденција за ова лице до сега немало пријави за насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот