„Кошмарот“ трае: ФИФА му забрани трансфери на Вардар!

Нема да можат да се засилат со нови играчи во новата натпреварувачка сезона, а добија и плус парична казна за „случајот Максим Максимов“.

Рускиот напаѓач Максимов пред да потпише за најтрофејниот клуб се промовираше како најдобар стрелец во квалификации за Лига Европа во 2017 година, беше и двоен стрелец против Шкендија.

По оваа информација од ФИФА, литванскиот клуб Тракаи се пофали на својата веб – страница дека го добила спорот.

Фото: ФК Вардар

Не одигра ништо позначајно во дресот на Вардар, иако најавен како огромно засилување, Максимов ќе го чини скопскиот тим и „тапкање во место” во најчувствителниот период за клубот во последните неколку години.

Скоро секојдневно се соочува со низа проблеми, претходно клубот не доби лиценца за настап во Европа.

Летово се очекува голема реконструкција и во тимот, но сега првите луѓе ќе се фокусираат само на најавените заминувања, на Фелипе, Попов, Битанг…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот