Кошаркар на Партизан позитивен на корона, имал контакти и со НБА ѕвездата Јокиќ

EPA-EFE/Ruben Romeo

Кошаркарот на Партизан, Никола Јанковиќе позитивен на коронавирус, објавија медиумите во нашиот северен сосед. Јанковиќ се пожалил дека во изминатите денови не се чувствувал добро, имал температура и од лекарскиот тим на Партизан му било препорачано да се тестира на корона.

Тестот покажал дека тој е позитивен на ковид-19 поради што целиот тим на Партизан и стручниот штаб ќе мора исто така да се тестираат. Кошаркарите на Партизан од минатиот месец се во тренажен процес, а неодамна на тимот му се приклучи и тренерот Андреа Тринкиери кој дојде од Италија.

„На Никола Јанковиќ му посакуваме брзо и успешно опоравување“, објави КК Партизан.

Веста за случајот на Јанковиќ го исплати и еден од најдобрите центри во НБА лигата, Никола Јокиќ кој заедно со кошаркарот на Партизан присуствуваше на ревијалниот натпревар во чест на Дејан Милојевиќ.

Јокиќ најдоцна до вечер треба да се врати во САД, каде што треба да ги мине протоколите за да може да му се приклучи на својот тим во подготовките за продолжување на НБА-сезоната, чиј рестарт е договорен за 31 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот