Проблемите за макбаксетот никако да стивнат, по појавата на коронавирус во екипите, сега коронавта влезе и во Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ).
Имено, член на најтесното раководство на КФСМ е позитивен на ковид-19 иако нема никакви симптоми и веднаш е испратен во самоизолација.
Претходно стартот на новата сезона во Првата лига два пати е одложен токму поради коронавирус. Во првиот случај позитивен беше играч на Работнички поради стартот на сезоната се одложи, а по организираниот скрининг на КФСМ беше утврдено дека во речиси сите скопски екипи има позитивни случаи на ковид-19 поради што повторно беше одложен почетокот на сезоната.