Кориснички искуства во е-трговијата

EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Светот во кој живееме, постојано се менува и добива нови насоки преку кои функционира дигитално. Далечината помеѓу потрошувачката индустрија и крајниот купувач веќе е се помала. Многу сервиси веќе функционираат од далеку и без воопшто да постои физички контакт. Дел од оваа промена се должи на пандемиските услови, но и потребата за брз и поедноставен начин на плаќање. Како успеваат компаниите да ги искористат  производите и услугите што ги нудат  и  да им ги направат на потрошувачите достапни на единствен и брз начин?

Преку работа со клиентите, активното ажурирање податоци и создавањето флексибилни искуства, се создава и раст преку различни канали. Светскиот е – комерц пазар знае да биде немилосрден во „исфрлувањето“ нови продукти, платформи преку кои ги привлекува потенцијалните потрошувачи и ги задржува постојаните.

Така, во последните истражувања кои ги прави Publicis Sapient, платформа за аналитика на однесување на потрошувачката индустрија, се потенцира и односот – купувач/продавач. Тој е важен не само поради анализите кои ги прават компаниите за да го оптимизираат својот производ и понуда, туку и за создадат квалитетна основа за постојано обновување на своите услуги.

Да се биде во чекор со трендот, значи дека треба да се следат и побарувањата на потрошувачите. Според истражувањето, преку 20 проценти од интернет пазарот е сочинет од понуди поврзани со убавина, дотерување и онлајн инстант услуги, како што се мобилните апликации за електронско плаќање или префрлување средства.

Со услугата E-commerce на Халкбанк АД Скопје клиентите добиваат можност да им овозможат на своите потрошувачи на лесен и едноставен начин да ги користат нивните производ, преку минимизирање на своите фиксни трошоци, технички инвестиции, изнајмувања, продажби итн. Трошоците за отворање на интернет продавница се значително пониски во споредба со трошоците за отворање на физички лоцирана продавница, бидејќи  трговецот е ослободен од вообичаените и реални инвестиции.

Корисникот на E-commerce услугата може да ги продава своите производи 24/7/365 и да им овозможи на потрошувачите поширока  палета на производи. Дополнително трговците имаат можност за попристапна и поатрактивна продавница, а клиентите добиваат можност купувањето да го направат од нивниот дом или било кое место со пристап на интернет со нивните VISA и MasterCard дебитни или кредитни картички и истиот да биде испратен директно до нивниот дом, работно место или каде што тие посакуваат

Главните трендови на електронската трговија во тековната 2021 значат целосно ориентирање кон сеоппфатно рекламирање и нудење производи, но улогата на податоците е исто така неопходна. Она што се бара е брза услуга, задоволен клиент и пренесено искуство кое ќе донесе нови бранови корисници, преку електронските апликации или пак директно во продавниците/филијалите на компаниите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот