Конзервативците бараат оставка од премиерот Џонсон за забавата во Даунинг стрит во време на карантин

Борис Џонсон
Борис Џонсон / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

 Премиерската позиција на Борис Џонсон е доведена во прашање, откако британскиот премиер денеска се соочи со повици од неговата Конзервативна партија да поднесе оставка, јавуваат британските медиуми.

Ваквото барање следи откако тој вчера конечно призна дека присуствувал на забава во неговата официјална резиденција за време на карантинот воведен поради коронавирусот.

Британските медиуми пренесуават дека Џонсон вчера испрати „искрено извинување” за собирот во Даунинг стрит од мај 2020 година, наведувајќи во парламентот дека го разбира гневот на јавноста поради ова откритие.

Лидерот на конзервативците во Шкотска, заедно со уште неколку истакнати пратеници, го повика Џонсон да поднесе оставка, наведувајќи дека неговата позиција е неодржлива.

-Расположението не е одлично. Постои голема загриженост меѓу моите колеги за штетата што овие наоди и ја нанесуваат на Конзервативната партија. Но, мислам дека вчера имаше промена на мислењето, изјави Џејк Бери за Би-Би-Си, член на Конзервативната партија. .

Џонсон вчера дури првпат призна дека се приклучил на собирот одржан во градината на Даунинг стрит на 20 мај 2020 година, наведувајќи дека останал околу 25 минути за да се заблагодари за, како што мислел, работниот настан.

Притоа Џонсон кажа и дека се кае за своите постапки, затоа што во тоа време, социјалните контакти беа сведени на минимум и многу луѓе беа бесни што не можат да ги посетат своите најблиски на смртна постела или да присуствуваат на погреби.

Како одговор на барањата за негова оставка, Џонсон денеска кажа дека луѓето мора да го чекаат исходот од внатрешната истрага спроведена од високиот државен службеник Сју Греј, чиј извештај се очекува во следните две недели. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот