Контратежа на Кина: Бајден на виртуелен Самит со сојузниците од Квад во Пацификот

Фото: EPA-EFE/KIYOSHI OTA / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден на денешниот виртуелен состанок со премиерите на Австралија, на Индија и на Јапонија ја почна заедничка иницијатива за „драстично” зголемување на производството на вакцини против ковид-19 во Југоисточна Азија, прва фаза од неговата дипломатска офанзива против Кина.

Ова е првпат Квад (Quad), неофицијален сојуз формиран во 2000-те, како противтежа на зајакнувањето на кинеската моќ и обновен од Доналд Трамп, да одржи самит.

– Ова е исто така прв мултилатерален самит што имам можност да го организирам како претседател. САД се решени да соработуваат со сите наши сојузници во регионот за да работат заедно за да обезбедат стабилност, нагласи Бајден на почетокот на виртуелната конференција со Јапонецот Јошихиде Суга, Индијанецот Нарендра Моди и Австралиецот Скот Морисон.

Друг знак за важноста на Азија во надворешната политика на Бајден е доаѓањето на јапонскиот премиер во САД во април, каде што тој ќе биде првиот странски лидер кој лично ќе го прими новиот претседател на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот