Конте ја одби понудата на „Атлантија“ за управување со патиштата

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја отфрли најновата понуда на „Атлантија”, групација за изградба на инфраструктура која, откако во 2018 година се урна мост во Џенова со кој управуваше една од нејзините компании, се обидува да ја задржи профитабилната концесија за управување со автопатиштата.

При падот на мостот 43 лица го загубија животот, а „Атлантија” предложи да се откаже од контролата врз компанијата што управуваше со објектот и да преземе финансиски обврски, но Конте го оцени тој предлог како недоволен и го окарактеризира како „шега”.

– Пристигна предлог во саботата кој е многу незадоволителен, да не кажам срамен, изјави Конте за италијанскиот весник „Ил фато квотиџијано”.

Тој рече дека заедничката одлука на Владата за ова прашање ќе биде донесена на седницата закажана за вторник, но посочи дека ќе препорача одземање на концесијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот