Конте: Италија ќе издвои 25 милијарди евра за поддршка на економијата

Италијанската Влада објави дека поради ситуацијата со епидемијата од корона вирусот земјата влезе во рецесија.

Италија ќе издвои 25 милијарди евра за да и помогне на економијата да ги надмине последиците од епидемијата на коронавирусот, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Во северниот регион Ломбардија донесени се мерки со кои се предвидува затворање на продавниците и привремено укинување на јавниот превоз.

Италијанската Влада минатата недела објави дека за поддршка на економијата ќе бидат потребни 7.5 милијарди евра, но бидејќи ситуацијата со епидемијата ескалираше земјата е веќе во рецесија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот