Конте го разбуди Тотенхем и го носи кон топ 4 во Премиер лигата

Тотенхем во трите натпревари во Премиер лигата под водство на Антонио Конте има скор од две победи и едно реми/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерите на Тотенхем вечерва го совладаа Брентфорд со 2:0 во рамки на 14 коло од Премиер лигата и ја запишаа втората победа по ред.

Од доаѓањето на Антонио Конте за менаџер, екипата игра подобро и на три натпревари освоија седум бода, и сега имаат 22 за шесто место на табелата. Дури ни пласманот во топ 4 не е далеку, четвртопласираниот Вест Хем има само два бода повеќе.

Тотенхем поведе во 12 минута со автоголот на Серхи Канос по центаршутот на Сон. До полувремето, Тотенхем имаше можност да ја зголеми предноста, но голманот Фернандес одлично интервенираше по шутевите на Сон и Хојберг.

Дилемите околу победникот беа решени во второто полувреме, поточно во 65 минута кога Сон постигна гол за конечни 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот