КОНЕЧНО ДОКАЖАНО: Сопствениците на мачки се поинтелигентни од оние кои имаат кучиња

мачка

Изборот на домашен миленик е уште еден фактор кој покажува колку е интелигентен сопственикот. И додека кучето е најдобриот пријател на човекот, мачката е негов стимуланс за интелигенција.

Најчесто луѓето избираат миленик кој одговара на нивниот карактер и со кој ќе успеaт да воспостават длабока конекција. Ова истражување е спроведено на Универзитетот во Тексас, со основна споредба на сопственици на мачки и кучиња.

Сопствениците на кучиња се отворени, но и наивни, а сопствениците на мачки почесто се интровертни, сомничави и двојно претпазливи. Најголема разлика е забележана во просечниот коефициент на интелигенција, кој бил значајно поголем во групата сопственици на мачки.

Но, она што е најважно е дека со самото тоа што сте земале да чувате миленик, вие покажувате дека сте љубител на животни и дека сте полни со љубов. Исто така, секогаш ќе имате лојален пријател кој никогаш нема да ве напушти или предаде.

МАЧКИТЕ КАКО НЕВЕРОЈАТНИ ТЕРАПЕВТИ: Ако имате ваков здравствен проблем, чувајте мачка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот