Концерт на Даница Стојанова во Рим

По повод  8 септември, Денот на независноста на нашата земја, пијанистката Даница Стојанова утревечер ќе настапи во градините „Кампители“ во Рим.

Настанот го организира амбасадата на РС Македонија во Италија во рамки на приемот на кој ќе присуствуваат претставници од дипломатскиот кор акредитиран во Италија, македонски државјани кои живеат и престојуваат во оваа земја како и останати гости почитувачи на македонската култура и традиција.

Пијанистката Даница Стојанова ќе се претстави со дела  од македонското класично музичко творештво.

-Пресреќна сум што ќе ја претставам нашата земја за оваа посебна пригода.
Иако во Рим свирам повеќе пати ,оваа покана за мене е од големо значење, посебно што публиката ќе може да слушне дел од македонскиот композиторски опус на Зографски, Коларовски и Андреевска  – вели пијанистката Даница Стојанова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот