Фото: Промо

Концерт на Александра Радовиќ на 6 април во Филхармонија

Александра Радовиќ на 6-ти април доаѓа во Скопје, каде што ќе одржи ексклузивен концерт во незаменливиот амбиент на „Македонска филхармонија“.

Спомените од различните животни, емотивни, професионални успеси и порази Радовиќ ги претвора во песна. Никогаш иста, но секогаш емотивна до срж, иако можеби не изгледа така. Има карактеристична боја на гласот и интерпретација преку која потполно разбирате што чувствува. Од моментот кога се појави на музичката сцена, помина низ различни фази, но музиката секогаш беше нејзин печат и музика на искуство.

Покрај огромниот успех и 20 години долга кариера, таа и понатаму одбива да зборува за себе. Пред очите на јавноста пласираше само онолку колку што е потребно, а во нејзино име, богато зборува само нејзината музика. Тоа, сепак, не значи дека нема да открие како нејзината „кариера е утешна награда“, како нејзината ќерка е „оаза на спокојството и љубовта“ и како „Бивши драги“ е една од нејзините омилени автобиографски песни.

Себеси се опишува како човек со премногу маани, но и како уметник кој заедно со мал број на колеги и понатаму се бори за квалитетна поп музика, а денес, после 20 години успешна кариера, знае и најголемата болка да ја испее со насмевка, бидејќи успеа да се ослободи од стравот и знае дека создаде нешто што ќе остане. Во тоа е нејзината зрелост и искуство. Го оправда својот пат и не дозволува секој да влезе во нејзиниот свет, а кога ќе ги слушнете нејзините песни, ќе дознаете се за неа, треба само добро да слушате.

А внимантелно и со огромно задоволство ќе ги слушаме нејзините хитови на 6-ти април во „Македонска филхармонија“.

Нејзиниот сензибилитет и емотивните интерпретации ја направија една од уметниците чии изведби се музички настан кој не се пропушта.

Покрај нејзините најголеми хитови „Чувам те“, „Бивши драги“, „Живео крај“, Александра ќе изведе и неколку нови песни, кои сигурно ќе го најдат своето место во вашите срца.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот