Коментарите се брутални: Српската пејачка дигна невидена бура на Инстаграм со фотографијата на која ДОИ ВОЗРАСЕН МАЖ (ФОТО)

Instagram

Српската раперка САЈСИ МЦ подигна прашина со контроверзната објава на Инстаграм, со која всушност искажала воодушевување со ликот и делото на уметницата Марина Абрамовиќ и нејзината изложба „Чистач“.

Сајси на Инстаграм споделила фотографија на која „дои“ возрасен маж, а тоа бил единствениот омаж на Марина. Таа всушност ја реконструирала фотографијата на Марина на која таа во идентична позиција позира со уметничкиот директор Рикард Тиши.

Сајси се фотографирала во црна одора со пуштена коса, додека мажот во црно одело ја држи устата потпрена на нејзината дојка, симулирајќи доење.

https://www.instagram.com/p/B2wpHIthnMB/?utm_source=ig_embed

Оваа фотографија на познатата раперка предизвикала бројни коментари, но и отворила дискусија – дали е ова всушност уметност или сепак само вулгарност?

„Скандал“, „Браво,“, Дој нè сите“, „Секогаш непредвидлива“, „Те обожавам“, „Сатанисто“, „Перверзна уметност“, се само некои од коментарите.

Каков е вашиот коментар на ова?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот