Колумбиските нарко картели го „искористија“ Роналдо за шверц на дрога

твитер

Повторно продукти на познати фудбалски ѕвезди се користат како средство за шверц на дрога.

Колумбиската полиција заплени товар од дури пет тона во кој имало кокаин, а во товарот кој бил наменет за Европа ги имал ознаки „CR7“, заштитниот знак на ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Оваа не е прв пат товар со истите ознаки да биде запленет, романската полиција во март годинава исто така во товарот на кој ги имало иницијалите на Роналдо пронашла кокаин кој бил испратен од Колумбија.

Тогаш на пакетите имало шифри на Кристијано Роналдо – „CR7“ како и шифри на славниот производител на часовници „Картие“.

Според колумбиската полиција, токму ознаките кои се наоѓаат на пакетите им се голема помош во истрагата бидејќи можат да откријат од кој картел е запленетата дрога.

Имено, секој нарко картел има своја ознака која гарантира за квалитетот на дрогата, но во исто време и ства до знаење на конкуренцијата чија е дрогата.

Фудбалерите и нивните продукти се омилените начини на колумбиските но и мексиканските нарко картели на транспор на дрогата. Претходно беа користени и продукти и со ликовите на Лионел Меси, Диего Марадона, Бразилецот Роналдо, Роналдињо, Дејвид Бекам…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот