Колумбискиот суд нареди суспендирање на американската воена мисија во земјата

Архива

Судот во Колумбија нареди суспендирање на четиримесечната американска воена мисија во земјата, се додека колумбискиот Сенат не одобри.

Во текот на неделата 48 американски војници пристигнаа во Колумбија за да им помогнат на тамошните безбедносни сили во борбата против илегалната трговија со дрога.

Колумбискиот министер за одбрана Карлос Холмес Трухило во понеделникот изјави дека 52 американски војници ќе ја обучуваат колумбиската армија во борба против дрогата, но нема да учествуваат во воени операции.

Но, Трухило беше повикан пред колумбискиот Сенат да објасни зошто за американската мисија не се консултира со Конгресот.

Судот побара од колумбискиот претседател Иван Дуке да му ги испрати на Сенатот „сите информации за влезот, пристигнувањето и престојот” на американските војници во Колумбија.

Владата соопшти дека присуството на американските војници е дел од воената соработка на Колумбија со САД.

Критичарите истакнуваат дека Вашингтон би можел да ја искористи колумбиската територија за да изврши напади против Венецуела.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го обвинува венецуелскиот претседател Николас Мадуро за трговија со кокаин, и на почетокот од годината испрати воени бродови на Карибите за „антинаркотични операции”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот