Колку е апсурдно богат Џеф Безос? (ВИДЕО)

Фото: МИА

Основачот на американската компанија „Амазон“ Џеф Безос е еден од најбогатите луѓе во светот. Тој е апсурдно богат, но колку многу богат?

Неодамна објавеното видео на платформата ТикТок на необичен начин покажува колкаво е богатството на Безос, а истото го илустрира преку зрна ориз.

Човекот зад видеото, на креативен начин со зрна ориз покажа колку би вредело едно зрно ориз, а потоа и со голем куп го покажа соодносот на богатството на Безос.

Безос минатата година ја заврши, а новата ја почна како најбогат човек на светот со проценето богатство од 115 милијарди долари.

Безос во 2019 година се разведе после 25 години брак, а со сопругата Макензи Безос се договорија да и останат четири проценти од уделот во гигантот кој се занимава со онлајн малопродажба. Така, Макензи Безос доби околу 37 милијарди долари и се најде на 25-то место на најбогати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот