Колина: Судиите ќе ги објаснуваат одлуките за подобро разбирање на ВАР

Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Претседателот на судискиот комитет на ФИФА, Пејерлуиџи Колина е убеден дека комуницирањето на судиите за одлуките на ВАР кое ќе им биде достапдно на навивачите во реално време ќе помогне за подобро разбирање на ВАР технологијата.

Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) ја усвои одлуката на стадионот и преку ТВ преносот да се прикажува објаснувањето на судиските одлуки во кои учествува ВАР.

Одлуката ќе се спроведува во меѓународните натпреварувања во наредните 12 месеци како пилот проект.

„Се одлучивме за ова затоа што добивме некои барања одлуката која ја носи судијата заедно со ВАР да биде повеќе разбирлива за сите кои гледаат. Бидејќи јазикот можеше да биде проблем, мислевме дека ФИФА Светското клупско првенство ќе биде совршено затоа што е натпреварување на повеќе јазици и со тимови од различни делови на светот“, изјави Колина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот