Кој е рецептот да станете репрезентативец на Гвинеја – да се викате Камара

Дури 11 фудбалери на оваа африканската репрезентација се викаат Камара.

Камерун од 16. јануари до 7. февруари ќе биде домаќин на Купот на африкански нации, а една од учесничките ќе биде и репрезентацијата на Гвинеја.

Пред стартот на шампионатот на кој репрезентациите ќе можат да сметаат само на фудбалери кои играат во домашните првенства или во Африка, селекцијата на Гвинеја го објави списокот од 30 фудбалери кое се наоѓаат во конкуренција за настап на Купот на африканските нации.

Имено, од 30 фудбалери кои се наоѓаат на поширокиот список на селекторот Мохамед Канфори, дури 11 се викаат Камара. По ова веднаш на социјалните мрежи почнаа шегите дека, доколку сакате вашиот син да игра за репрезентацијата на Гвинеја само треба да му го дадете „волшебното“ име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот