Кој е посилен од државата?

Не е проблем што луѓето си играат оро на улица, па не играле танго. Таков е нашиот народ сака да поигра, во тунел, на улица…

Никој не е посилен од државата, вели самоуверено Премиерот Оливер Спасовски. Веројатно сака да биде така зашто никој и не треба да е посилен од државата.

Но сепак има и такви што се посилни!
А посилни се оние што ја знаат слабоста на државата. Или затоа што знаат дека се заштитени!
Во нашата земја од секогаш било така и така ќе биде уште многу долго.
И не е проблем што луѓето си играат оро на улица, па не играле танго. Таков е нашиот народ сака да поигра, во тунел, на улица, во Гевгелија, во Чаир, да си се причести во црква, на Литија да си појде, во џамија да се клања, па што ако има забрана. Не сме ние Јапонци.
Проблемот е што никој тоа не го спречува ниту пак казнува.
Оправдувањето секогаш ќе го наоѓаме во вечното и непомирливо меѓусебно обвинување меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Наќе вели сакал да биде фин да не казнува туку да опоменува, Владата го обвинува дека е премногу мек и дека не си ја врши работата, Наќе ја префрла одговорнота кај начаникот на јавна безбеднност, ВМРО ја обвинува власата дека го „мести“ Наќета…

Прочитајте и...  ЕК: Северна Македонија продилжи да ги исполнува условите за безвизен режим

И тоа е така без разлика дали овие две партии се заедно во некаква хибридна форма на Влада, или се лути противници во собраниските клупи, или пак на митинзите по улиците на државата. При тоа обете внимавајќи да не ги разлутат своите албански потенцијални партнери во власта. Тоа е особено важно затоа што без нив не можат! А тие тоа го знаат и обилно го користат.

Можеби затоа Македонија не може никогаш да стане правна држава, од едноставна причина што во неа сите граѓани или здруженија што им се важни на партиите се потенцијални ГЛАСАЧИ.
А нивната листа е навистина долга и променлива: МПЦ, ИВЗ, администрацијата, пензионерите, разни стопански комори, земјоделски здруженија, здруженија за отпор против рудниците, зелените, кучкарите и други важни поединци, или етнички групи…Сите се тие потенцијлни гласови за партиите и на власт и во опозиција. Нема повисок партиски приоритет од тоа. Поважен е дури и од државниот. За нив често не важат обичните закони и уредби, а ако треба се носат дури и посебни закони и уредби.
Затоа за едни има криза, за други нема, едни ќе носат маски (како Хаски), за сите кои не носат, едни ќе седат дома за сите кои не седат, едни ќе плаќаат за сите кои не плаќаат, едни ќе почитуваат за сите кои не почитуваат, едни останаа без работа за други да заработат…

Прочитајте и...  МОСТ ќе ги следи изборите со близу 900 набљудувачи

За сите од погоре важи само една синтагма „овие ни се битни, ни требаат за избори“! Тука умира правната држава, кај „битни“ и „небитни“.
Се чини дека таа е правна само за „небитните“.

Затоа најдобро ќе биде што поскоро да престанат сите т.н. мерки за „наша“ заштита, за носење маски, за социјална дистанца, за не собирање во групи, за трчање во парк, за забрана за погреби, за возење во автобус, за чекање пред банка, за затворени кафеани.
Зошто ни е сето тоа НАМ, кога ОНИЕ од „орото“, штом ќе доиграат ќе ни дојдат да ни се втурнат во животот, да ни дишат во сурат по било која основа, ќе ни влезат во двор или во куќа или така инфицирани ќе ни продаваат производи за исхрана.
Не знам зошто ја правиме спорна идејата за избори!!! Па ние сме секој ден како на избори со вакви сограѓани!
Ајде тогаш што поскоро да се откачиме и од таа обврска, и да почнеме или нормално да работиме или барем на одмор да одиме.
И да запееме „корона чао„!
Па и да погинеш колко можеш ќе се спасиш!

Прочитајте и...  Заев – Јан Коп: Правдата и владеењето на правото ќе бидат примарен фокус на идната влада предводена од СДСМ

Прочитај повеќе

Зибери: Идејата за првиот премиер Албанец претставува моќен симбол за еднаквост

Слободен печат

Усвоени нови мерки за Белград: Кафулињата, теретаните и продавниците ќе работат до 21 часот

Слободен печат

Триесетдневен притвор за поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски

Слободен печат

Хрватска ќе го воведе еврото до 2023 година

Слободен печат

Јанушев: СДСМ не работи на проекти, одлика на СДСМ е корупцијата и криминалот

Слободен печат

Заев од Кисела Вода: Го бараме вашиот глас за уште еден, нов и чист мандат, за да ги продолжиме добрите политики

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Франција над 4 милиони граѓани веќе се заразени од Ковид-19

МИА Агенција

Шекеринска: Николоски само ветуваше решение за водоснабдувањето во Издеглавје, неговиот роден крај – проблемот го решивме ние

Слободен печат

Заев: Ќе ги поразиме сите национализми на овие избори, тоа е лажен патриотизам

Слободен печат

Трамп го обвини Бајден за плагијат на неговата економска програма

Слободен печат

Димитров: Кисела Вода сака да оди напред не назад, сака надеж наместо темница

Слободен печат

Со кинескиот закон забранет Тик ток во Хонгконг

Слободен печат