Кога е вистинското време за купување чевли?

Некогаш се случува во продавница чевлите да ви бидат удобни на нога, но веќе кога ќе отидете дома, да сфатите дека ве „уништуваат“.

Постои мал трик за да ја избегнете таа непријатна ситуација, а тоа е времето кога ги купувате. Колку и да ви се чини бизарно, најдобро време за купување елегантни чевли е по работното време, кога стапалата ви се отечени.

Вистинско време за купување патики е веднаш по  тренингот, следејќи ја истата логика како и за елегантните обувки.

Според некои истражувања, жените повеќе страдаат по чевли кои веќе не можат да ги носат, отколку по поранешното момче. Неверојатни 92% од жените се сеќаваат на првите чевли кои ги купиле со свои заработени пари, но половина од нив не можеле да се сетат на името на оној со кого првпат се бакнале.

Интересно е и што 96% жалат по уништени чевли, а само 15% по прекината врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот