Кочов: Заслужена победа

МЗТ Скопје со големата победа на гости кај Задар се најде пред експресно враќање во АБА лигата. Тренерот Ѓорѓи Кочов е задоволен од прикажаната игра и остварениот триумф.

–  Би сакал да им честитам на моите кошаркари за играта и за борбеноста. Во последно време игравме во НБА ритам и немавме многу време да се подготвиме за Задар, но сѐ што се договоривме играчите максимално го испочитуваа тоа. Денеска бевме подобар противник, го искористивме притисокот кај кошаркарите на Задар и заслужено победивме. Во финишот непотребно влеговме во неизвесна завршница и тоа е нешто што ни се случувало и претходно, а треба да го искорениме во иднина. Во вторник ќе пробаме да победиме и на домашен терен и да си ја оствариме најголемата желба сезонава, да се вратиме во АБА-лигата – изјави Кочов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот