МЗТ Скопје со една нога во АБА лигата

Екипата на МЗТ Скопје се наоѓа пред пласман во АБА лигата откако како гости  го совлада Задар со 89:83 во бараж двомечот за последното место во регионалната лига.  Во серијата која се игра до две победи, кошаркарите на МЗТ Скопје, во Задар го одиграа  најдобриот натпревар во последниот период, и во вторник со нова победа, овој пат пред своите гледачи ќе обезбедат експресно враќање во АБА лигата.

„Металците“ одлично го отворија резултатот и многу брзо дојдоа до двоцифрена предност (17:5 во 4. минута) но не застанаа тука. Одличната игра на избраниците на Ѓорши Кочов во 15. минута им донесе и предност од дури 21 поен (47:26) и до крајот на натпреварот умешно ја одржуваа предноста. Во последните моменти, домашните кошаркари со серија тројки се обидоа да направат пресврт но немаа сили за изненадување.

Андреја Бојиќ со 24 поени и 8 скокови беше најдобар во тимот на МЗТ Скопје, а одлична партија прикажаа уште и Џејмс Вудард со 22 и Иве Иванов со 19 постигнати поени.
Наредниот натпревар од серијата до две победи се игра наредниот вторник во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот