Клоп се подготвува за наредната сезона: Нема да ја браниме титулата, туку ќе ја нападнеме

фото: твитер

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговата екипа во следната сезона попрво ќе ја нападне титулата во Премиер лигата отколку што ќе ја брани.

Ливерпул сезонава конечно по пауза од 30 години дојде до титулата во Премиер лигата, но менаџерот на „црвените“ вели дека нема намера да запира тука.

– Нема да ја браниме титулата во наредната сезона, туку ќе ја нападнеме. Научив дека кога мислите дека сте го достигнале врвот, веќе сте кренале во надолна линија. Манчестер сити ќе биде силен наредната сезона, Манчестер јунајтед исто така, Челси е моќна екипа. Сосема е јасно дека Сите е неверојатен тим, Јунајтед се наоѓа во одлична форма, додека Челси заврши голема работа со трансферите – смета Клоп кој ги поздрави зборовите на неговиот колега од Сити, Пеп Гвардиола, дека фудбалерите на Ливерпул ќе добијат шампионски шпалир на меѓусебната средба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот