Клоп против Лигата на нации: Една од најлудите идеи во светот на фудбалот!

Јирген Клоп не сака повеќе да постои УЕФА Лигата на нации/Фото: EPA-EFE/Paul Ellis

Како што се наближува крајот на мај, најдобрите европски фудбалери се при крај со натпреварувањето во националните првенства, но наскоро ќе се префрлат во УЕФА Лигата на нации. Започнува на 1 јуни и ќе донесе голем број на натпревари во првата половина од месецот.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп многу добро знае дека обврските во репрезентациите драстично ќе им го скратат одморот на играчите и затоа, најблаго кажано, не е среќен.

– Секогаш е лоша идеја кога има повеќе натпревари. Често сум зборувал за тоа. Лигата на нации на УЕФА е една од најлудите идеи во светот на фудбалот. Играчите одиграа повеќе од 70 натпревари и ние продолжуваме сезона со натпревари од Лигата на нации. Четири, пет, шест натпревари со репрезентацијата. Би сакал УЕФА да ги земе парите од финалето на Лигата на шампионите и да се ослободи од тоа натпреварување – вели Клоп.

Македонија преку новото формирано УЕФА натпреварување „Лигата на нации“ успеа за првпат во својата историја да се пласира на едно големо натпреварување, во овој случај Евро 2020.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го стартуваат новото издание, во рамктие од Лигата „Ц“ на 2 јуни со натпреварот против Бугарија на гостински терен во Разград.

На 5 јуни повторно гостуваме овојпат кај Гибралтар, потоа на 9 јуни во Скопје ќе ја пречекаме Грузија. Три дена подоцна, на 12 јуни, на нашиот најголем стадион сме домаќини на Гибралтар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот