КК Работнички: Последна опомена за МКФ

Препукувањата на релација КК Работнички – Македонска кошаркарска федерација се чини дека нема да запрат се до Годишното собрание на 15 мај на кое ќе се избере нов претседател на МКФ.

Овој пат реагираше управата на Работнички која упати последна „опомена“ до МКФ, чиј претседател Петар Наумоски на седницата на Здружението на прволигаши најави дека ќе им овозможи на клубовите увид во работата на федерацијата, да си стои на зборот.

Почитувани,

Неколку пати пративме дописи до МКФ за да ни одговорите на неколку прашања и да постапите по нашите барања согласно статутот на МКФ. До денес немаме никаков одговор.

1. Бараме од МКФ и нејзиниот престедател да ни достават на увид целата финансиска состојба и обврските према МКФ кои ги имаат сите членки на федерацијата и пред се прволигашите.
2. Да постапите согласно нашето барање за суспензија согласно статутот за сите клубови кои не ги испочитувале своите обврски.
3. Да ни одговорите како суспензии важат за едни клубови а за други не.
4. Зошто само Работнички и Вардар се оштетени со суспендирање на салата а за суспензија на другите клубови по други основи нема ништо. Доколку денес не добиеме одговор на нашите барања ве уверуваме дека од понеделник ќе ја започнеме правната битка према други институции.

Ќе бараме одговорност од првиот човек на федерацијата, комесарот и сите останати кои согласно статутот ја злоупотребиле својата позиција. Затоа ве предупредуваме за последен пат !!!

Со почит КК РАБОТНИЧКИ АД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот