Ќе ве изненади причината: Песна од 1983 повторно се искачи на светските топ-листи

Фотоe: kpa / United Archives / Profimedia

Бројот на пребарувања за песната „Total Eclipse of the Heart“ вртоглаво се искачи меѓу најслушаноте на музичката платформа Спотифај.

Хитот на велшката пејачка Бони Тајлер од 1983 година беше главната песна што Американците ја слушаа вчера. Имено, милиони луѓе во Америка вчера го чекаа затемнувањето на Сонцето и ја составуваа совршената плејлиста за небесниот спектакл.

Во изјава за „Си-ен-ен“, претставник на Спотифај сподели дека пребарувањата за песната се зголемиле за речиси 50 отсто во САД во текот на изминатата недела.

„Total Eclipse of the Heart“ е најпопуларната песна која била додавана во плејлистите на корисниците со назив „еклипса“ на Спотифај во САД. Популарна е дури и на ајТјунс, каде што беше 10. најкупена песна во понеделникот, скокајќи за 30 места од претходниот ден. Пребарувањата за песната се зголемија и на Гугл трендс.

Песната е секогаш актуелна за време на затемнувањата, а Тајлер ја коментираше популарноста на песната на социјалните мрежи уште во 2011 година, пишувајќи на Ксу: „Кажете ми да знам таму горе“.

Веројатно, никој не сака еклипси повеќе од неа. Кога затемнувањето се случи во САД во 2017 година, преземањата на песната се зголемија за повеќе од 500 отсто“, според „Билборд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот