Ќе сакате да ги направите повторно: Сашка и Сашко со рецепт за неодоливи браунис

Сашка и Сашко
Сашка и Сашко / Фото: Приватна архива

Сашкa и Сашкo стојат зад креативниот инстаграм-профил за храна @sash_dream. Сашка работи како координатор за набавки во странска компанија, а Сашко го менаџира сопствениот ресторан специјализиран за кетеринг и организација на настани од секаков тип.

Рецепт на Сашка и Сашко за вкусно и здраво лепче без бело брашно: Одлично за вашето здравје

Нивна заедничка пасија е гастрономијата, па како што ни открива Сашка, со готвењето се релаксира по напорните денови на работа, а Сашко, пак, ја развива својата креативност преку естетското послужување на приготвената храна. Оваа супер идеја е производ на пандемијата, а инспирација црпат од секојдневието и од блоговите за храна.

„Многу често се случувало да патуваме заедно, да вкусиме нешто карактеристично за дестинацијата, а ново за нас и веднаш кога ќе се вратиме да пробаме да направиме наша варијанта“, ни откриваат тие.

Денеска Сашка и Сашко ни откриваат рецепт за браунис со темно чоколадо и путер од кикирики.

„Можеби изгледаат малку неуредно и перфекционистите ќе мора да направат компромис при сечењето, поради неможноста за добивање на идеални коцки, но верувајте дека ќе сакате да ги направите повторно овие богати по вкус браунис“, велат тие.

Сашка и Сашко
Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

– 200 г темно чоколадо
– 220 г путер
– 170 г шеќер
– 50 г кафеав шеќер
– 4 јајца
– 25 г какао
– 1 лажичка ванила
– 1 лажичка еспресо
– 1 прстофат сол
– 100 г маршмелоу

Потребни состојки за топинг:

– 350 г темно чоколадо
– 240 г путер од кикирики
– 60 г путер

Сашка и Сашко
Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во тавче со големина од 20х20цм намачкајте путер и обложете го со хартија за печење. Во мало тенџерче ставете ги чоколадото и путерот и гответе ги на низок оган додека да се растопат мешајки често. Во голем сад размешајте ги шеќерот, кафеавиот шеќер, јајцата и ванилата, разматете со миксер, па додате ја смесата од чоколадо, заедно со какаото, еспресото и солта. Истурете ја смесата во тавчето и печете околу 20 тина мин на температура од 180 степени, па додадете ги маршмелоусите и печете уште 10 тина мин. Потоа оставете да се излади на собна температура. Во меѓувреме на тивок оган растопете ги останатото чоколадо, путерот од кикирики и путерот, се додека не се соединат убаво. На крај, истурете ја оваа смеса врз браунито и по желба посолете со морска сол, квики, м&м бонбони…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот