Рецепт на Сашка и Сашко за вкусно и здраво лепче без бело брашно: Одлично за вашето здравје

сашка и сашко
Сашка и Сашко / Фото: Приватна архива

Сашкa и Сашкo стојат зад креативниот инстаграм-профил за храна @sash_dream. Сашка работи како координатор за набавки во странска компанија, а Сашко го менаџира сопствениот ресторан специјализиран за кетеринг и организација на настани од секаков тип.

Нивна заедничка пасија е гастрономијата, па како што ни открива Сашка, со готвењето се релаксира по напорните денови на работа, а Сашко, пак, ја развива својата креативност преку естетското послужување на приготвената храна. Оваа супер идеја е производ на пандемијата, а инспирација црпат од секојдневието и од блоговите за храна.

„Многу често се случувало да патуваме заедно, да вкусиме нешто карактеристично за дестинацијата, а ново за нас и веднаш кога ќе се вратиме да пробаме да направиме наша варијанта“, ни откриваат тие.

 

Рецепт на Сашка и Сашко за прочуената фокача со рузмарин

Денес споделуваат врвен рецепт за здраво лепче што ќе ве држи сити долго време.

„Сите сме љубители на топли и вкусни печива, но белото брашно често ни прави проблеми со килажата и здравјето. Ова вкусно лепче не содржи воопшто бело брашно, а ќе ги задоволи вашите потреби за тесто 100 отсто. Морате да го пробате!“, порачуваат Сашка и Сашко.

Потребни состојки:

– 450 мл млака вода
– 1 лажичка сув квасец
– 1 лажичка мед
– 1 и пол филџан интегрално пченично брашно
– 1 филџан брашно од хелда
– 1 филџан семиња по избор
– 1 лажичка сол
– 2 лажици маслиново масло
– 10 ситно сечкани маслинки

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Водата, квасецот и медот се размешуваат и се оставаат настрана околу 10-ина минути. Во друг сад се мешаат другите суви состојки и потоа се додаваат кај течните. На крај, се додаваат маслото и маслинките и се меси со помош на дрвена лажица. Треба да добиете лепливо, меко тесто, кое задолжително треба да се пече во калапче за леб. Калапчето го поставувате со хартија за печење и не треба да чекате тестото да стаса, туку веднаш го ставате во калапчето. Го покривате со фолија и го оставате да одмори на топло место околу 30-40 минути. Потоа ја вклучувате рерната на 170 степени со вентилатор, го наросувате со сусам и веднаш го ставате да се пече. Зависно од јачината на рерната печете околу 25-35 минути или сè додека не боцнете со чепкалка и таа излезе чиста без да се налепи тесто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот