Кизиќ: Важни беа бодовите, домашниот терен е секогаш мотив!

rkvardar.mk

Вардар ја забележа четвртата победа во ракометната Лига на шампионите против Мешков Брест, после тешките порази од Кил и Веспрем.

Со овие два важни бода, во рамките од групата „Б“ македонските и европските шампиони се искачија на второто место, иако пред мечот беа рангирани дури на шестата позиција.

Едуард Кокшаров, тренер на Вардар:

-Честитки до Мешков за борбеноста и фер плејот кој го покажаа на теренот. Ние ја заслуживме победата и покрај проблемите со повреди кај играчите со кои се соочувавме. Не можевме да примениме 6-0 одбрана, но добро помина и 5-1. Честитки до момците, се бореа до крајот, на крајот важна победа.

Марко Кизиќ, голман на Вардар:

-Честитам на Мешков за борбата која ја покажа. Ова беа важни бодови да им се вратиме на победите за искачување на втората позиција. Беше тешко, но домашниот терен беше голем мотив пред нашите верни навивачи. Одиме напред, се фокусираме сега на Келце, се надеваме дека вака квалитетно ќе продолжиме и на наредните мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот